Ѕвезда на натпреварот на Светското клупско првенство помеѓу Реал Мадрид и Ал Џазира (2:1) беше азискиот голман Али Хасив Хусани.
Со своите одбрани тој ги излудуваше ѕвездите на актуелниот шампион на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 30 годишник кариерата ја започна во родниот град Абу Даби каде што во 2008 година станува голман на Ал Џазира. Една година подоцна доби повик во репрезентацијата и до сега запиша 13 настапи за ОАЕ.
Ал Хасив во минатото со своите потези често пати знаеше да го привлече вниманието на јавноста. Во натпреварот од азиската Лига на шампиони во 2012 година во првиот натпревар два пати во низа ја погоди „спајдер“ камерата која го снимаше натпреварот од зад голот.
Додека неговиот тим во вториот дел водеше со 1:0, Ал Хасив при местењето на топката да ја уфрли во игра си ја одврза десната копачка и почна да се жали кон судијата. На помош пристигна еден од неговите соиграчи. Одолговлекувањето се исплатеше неговиот тим на крајот славеше со резултат 2:1.
Против Реал на теренот помина 51 минута, а неговиот тим имаше сензационално водство додека тој беше на теренот, но по неговото излегување од игра „кралевите“ стигнаа до победа од 2:1.
„Беше навистина чудесен. Прво се шегувавме на клупата, но ситуацијата стана сериозна кога сфативме дека не можеме да му дадеме гол“, зборуваше Герет Бејл после натпреварот кој го одлучи натпреварот откако влезе во игра во 81 минута од натпреварот.