Баерн Минхен денес стигна до убедлива победа во германското првенство.
Гигантот од Минхен веќе во март би можел да ја обезбеди титулата шампион на Германија, потребни им се само уште четири. Денес Хамбург беше совладан со 6:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јуп Хејнкес ништо не ризикуваше, на терен го пушти можеби и најсилниот состав во овој момент (од играчите кои му се на располагање), а натпреварот беше решен после само 19 минути игра.
Во осмата минута погоди Рибери, а потоа следуваа два брзи гола на Роберт Левандовски. Со предност од 3:0 се замина на полувремто.
Вторите 45 минути донесоа нови три погодоци во мрежата на Хамбург и еден промашен пенал. Арјен Робен зголеми на 4:0, Рибери се погрижи за „петарда“, а конечните 6:0 ги постави Левандовски со својот трет гол на натпреварот. Полскиот напаѓач претходно не реализираше пенал.
Во останатите три натпревари Хановер на домашен терен беше поразен од Аугусбург со 1:3, Хофенхајм со 3:0 го совлада Волфсбург, додека Херта и Фрајбург одиграа без голови 0:0.