Дома Македонски спорт (Видео) Фенербахче на „колена“, Вардар е во Лигата на Европа!

(Видео) Фенербахче на „колена“, Вардар е во Лигата на Европа!

Македонските фудбалски фанови се во вистински транс, Вардар повторно ја израдува Македонија.

Оваа генерација на црвено-црните ќе остане запаметена како генерација која го направила најголемиот успех во поновата фудбалска историја, а голот за кој долго ќе се зборува беше дело на Џигаури.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фенербахче започна напаѓачки, создаваше шанси пред нашиот гол, но Гачевски беше фантастичен, вардаци имаа прилика и во првиот дел го замолкнат турскиот гигант, кога Баерсегјан во финишот од првиот дел ја погоди стативата од голот на Камени.

Започна второто полувреме, Фенербахче тргна офанзивно, Вардар се бранеше. Турците успеаа да дојдат водство после еден корнер и мешаница во одбраната на македонскиот шампион. Но потоа следуваше вистински шок за Турците, Џигаури успеа да искористи една контра и да го совлада Камени.

И како тоа да не беше доволно, во финшот од средбата Глигоров погодува за комплетен пресврт!

Македонија радувај се! Вардар е во Лигата на Европа!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…