Дома Фудбал Видео: „Фармацевтите“ го најдоа лекот за Баварците

Видео: „Фармацевтите“ го најдоа лекот за Баварците

Баер Леверкузен го изненади Баерн Минхен на „Алијанц Арена“, а херој за „фармацевтите“ беше Леон Бејли.

Бејли го отвори резултатот во 10-та минута откако ја надмудри одбраната и го матираше Ноер. Томас Милер израмни во 34-та минута и тогаш се чинеше дека Баварците ќе направат комплетен пресврт. Меѓутоа, Бејли само една минута подоцна повторно ги донесе „фармацевтите“ во водство.

Во второто полувреме Баерн имаше иницијатива, дваесетина минути имаше и играч повеќе, но не успеа да дојде до израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…