Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло го одигра последниот меч на „Сан Сиро“ во спектакуларен хуманитарен натпревар.
Во чест на Пирло на „Сан Сиро“ продефилираа големи фудбалски имиња кои приредија спектакл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
БЕЛ ТИМ: Абиати, Дида, Бонучи, Киелини, Костактура, Фавали, Јанкуловски, Малдини, Неста, Одо, Шимиќ, Замброта, Занети, Баронио, Каморенези, Видал, Баџо, Дел Пјеро, Ди Натале, Јакинта, Инзаги, Матри, Пато, Роналдо, Тоти, Виери.
СИН ТИМ: Буфон, Сторари, Адани, Барзаљи, Бонара, Кафу, Дијана, Ферара, Каладзе, Матераци, Сержињо, Пирло, Албертини, Амброзини, Кваљарела, Роналдињо, Шевченко, Тевез, Тони, Вентола.
Натпреварот заврши без победник 7:7, а посебно се истакна Пипо Инзаги кој покажа дека се уште е во форма и постигна хет-трик.