Акробатскиот гол на Кристиано Роналдо кој го постигна во победата на Реал Мадрид против Јувентус од 3:0 деновиве е главна тема во европскиот фудбал.
Поради епските ножички и голот кој сигурно вечно ќе се памети му аплаудираа и навивачите на Јувентус и тоа сосема заслужено.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, само еден ден по голот на Роналдо еден фудбалер од Првата лига во Федерацијата – второ по ранг натпреварување во Босна и Херцеговина постигна сличен погодок.
Сепак, втората лига во БиХ не е четвртфинале во Лигата на шампионите, а ниту Антонио Видовиќ (стрелецот на голот) не е Кристиано Роналдо, па неговите навистина прекрасен гол не привлече толкаво внимание.