Кога минатото лето Винисиус Хозе Паихао де Оливеира Жуниор или скратено Винисиус Жунир го избра Реал Мадрид многу се пишуваше за потписот на овој фудбалер.
Имено, Реал се обврза на Фламенго да му исплати оштета од 45 милиони евра, но со дополнителните 16 овој трансфер ќе изнесува повеќе од 60 милиони евра. Но, по она што 17 годишникот го прави на терените во Бразил оваа сума и не изгледа премногу. Иако навистина изгледа како лудост да се потрошат повеќе од 60 милиони на играч од 16 години (толку имаше Винисус кога Реал го обезбеди неговиот потпис).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал во трката за овој фудбалер ги победи Барселона, Манчестер Јунајтед и Челзи.
Винисус го воодушеви светот со својот последен настап во Копа Либератадорес, натпревар во кој неговиот Фламенго славеше против тимот од Еквадор, Емелец.
Суперталентираниот тинејџер не беше во стартниот тим, но кога стратегот на Фламенго виде дека на неговиот тим не му оди и Еквадорците имаат предност одлучи шанса да му даде на 17 годишниот фудбалер, а она што следуваше беше вистинска екплозија.
Во игра влезе во 66 минута, само една минута откако Фламего прими гол. Емелец и понатаму напаѓаше, а потоа во 78 минута топката дојде младиот фудбалер. Винисиус пред себе имаше тројца противнички фудбалери. Првиот веднаш испадна од игра, а потоа на ред дојде и вториот, па третиот и на крајот егзекуција.
Но, тука не беше крајот на неговиот настап од соништата. На пет минути пред крајот на натпреварот Винисус одигра маестрално двојно додавање и на крајот вистинско ремек дело!
Рио го слави, но и шпанските медиуми се во еуфорија по ваквиот настап на човекот кој би можел да биде новиот „Ил Феномено“, но секако пред него е долг пат.