Дома Фудбал Германија Видео: Рибери отвори со волеј, погоди и Родригез – Баерн сигурен против Мајнц

Видео: Рибери отвори со волеј, погоди и Родригез – Баерн сигурен против Мајнц

bayern

Денес со почеток во 15:30 часот во германската Бундес лигата се одиграа пет натпревари.

Најголемо внимание секако привлече натпреварот на лидерот Баерн Минхен кој играше против Мајнц на гостинските терен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајнц оваа сезона игра под очекувањата и се наоѓа во долниот дел од табелата, а во денешниот натпревар гигантот од Минхен заслужено стигна до победа со резултат 0:2.

Баерн до водство дојде после нешто повеќе од половина час игра. По еден корнер домаќините ја расчистија опасноста, но топката стигна до Франк Рибери кој со одличен волеј удар успеа да ја смести топката во мрежата на домаќинот и да го отвори резултатот.

Се играше финишот од полувремето кога Толисо испрати прецизна топка до Хамес Родригез, а Колумбиецот после одличниот прием успеа да ја смести топката зад грбот на голманот на домаќинот.

Во вториот дел Мајнц покажа нешто подобра игра, но сепак Баерн беше тимот кој го контролираше натпреварот па до крајот успеа да ја задржи предноста од 0:2.

 

Останати резултати:

Фрајбург – Леверкузен 0:0

Херта – Хофенхајм 1:1

Волфсбург – Штудграт 1:1

Шалке – Вердер 1:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…