Реал Мадрид вечерва во рамките од 26 коло во шпанската Примера гостуваше на помалиот клуб од Каталонија, Еспањол.
Зинедин Зидан за оваа средба не сметаше на Кристиано Роналдо за кого сметаше дека му е потребен одмор. Осуството на Португалецот и тоа како се почуствува во играта на „кралевите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фаворитот од Мадрид не се прикажа во најдобро светло и нa крајот беше поразен 1:0 со голот во финишот на Морено.
Еспањол вечерва и тоа како беше достоен противник на Реал Мадрид, а на моменти и сериозно се закануваше по голот на Кејлор Навас. Една таква прилика домаќинот успеа да искористи во финишот од натпреварот кога мрежата на гостите ја погоди Морено.
По овој пораз, Валенсија доби прилика со победа да се искачи на третата позиција на табелата со еден бод предност во однос на Реал Мадрид.
Еспањол и во првото полувреме успеа да ја погоди мрежата на „кралевите“ но овој погодок беше поништен поради офсајд позиција.
Спорниот погодок на Еспањол од овој натпревар можете да го погледнете ТУКА.