Челзи и Барселона се клубови кои во последните дваесетина година знаеа да понудат голема драма во меѓусебните дуели во Лигата на шампионите.
Вчерашниот ждреб во Нион одлучи и оваа сезона во осминафиналето да гледаме судир на овие два тима.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонскиот и лондонскиот клуб во последните десетина години имаа навистина спектакуларни натпревари во нокаут фазата од Лигата на шампионите. За ова повеќе ТУКА.
Во 2006 година се сретнаа во осминафиналето, Тиаго Мота си постигна автогол за водство на Челзи, Џон Тери возврати на другата страна, а Ето десетина минути пред крајот донесе голема победа на Барса која без проблеми ја одбранија во реваншот. Беше 1:1, но Челзи изедначи во финишот. Барса тогаш помина во следната фаза, а внимание на себе привлече тогаш младиот Лионел Меси кој се појавуваше на големата сцена.
Аргентинецот успеа да изнуди црвен картон на Асиер Дел Хорн кој со брутален старт го удри Меси во коленото.
После тој натпревар Меси стана омразен кај навивачите на Челзи, посебно после изјавата која ја даде после натпреварот.
„Во Барселона повеќе го мразиме Челзи отколку Реал Мадрид. Ни се допаѓаат како играат Арсенал, Јунајтед…сите освен Челзи“, изјави тогаш Меси.
Иначе Меси до сега одигра осум натпревари против Челзи, упати 29 удари, но не постигнал ниту еден погодок, а не реализираше и пенал.