Дома Видео ВИДЕО: Погледнете го НЕВЕРОЈАТНИОТ дриблинг на Меси против Бетис

ВИДЕО: Погледнете го НЕВЕРОЈАТНИОТ дриблинг на Меси против Бетис

Реал Мадрид со убедливи 7:1 го победи Депортиво на „Сантијаго Бернабеу“, така „Кралевите“ конечно наговестија дека се враќаат во претпознатливата форма.

Барселона ова го свати како „ракавица во лицето“ и на незгодното гостување против Бетис посигна пет гола. И тоа сите пет гола во второто полувреме. Голови постигнаа Иван Ракитиќ и по два Меси и Суарез. Најдобриот играч во историјата, Лионел Меси се вклучи во натпреварот некаде половина час пред крајот, но тоа му беше доволно за да постигне два гола и да запише една аситенција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, неговиот потег од 85. минута „вреди повеќе“ од гол или асистенција за големата победа и одржувањето на 11 бода предност пред Атлетико. Нелсон Самедо му ја додаде топката длабоко во половината на Барселона, пред казнениот простор. Меси ја прими топката, ја спушти главата во теренот и започна со неговите „магии“.

Противниците се обидоја да го спречат и со недозволени средства, а дури и голем број на домашни навивачи го поздравија волшебникот со силен аплауз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Уште ова го немавме видено: Свиња прекина фудбалски натпревар 🎥

Во рамките на 14. коло од Општинската лига Јасеница во Србија се одигра натпревар кој прив…