Дома Видео Видео: Пике со свирежи пречекан на Мастерсот во Мадрид

Видео: Пике со свирежи пречекан на Мастерсот во Мадрид

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике не доби топло добредојде на Мастерсот во Мадрид.

Пике вчера присуствуваше на тенискиот натпревар во главниот град на Шпанија помеѓу Давид Ферер и Михаил Кукушкин, но неговото присуство не им се допадна на присутните навивачи, па го пречекаа со свирежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона е голем противник на Реал, а во последно време ситуацијата е малку напната поради постојаните расправии околку третманот на двата клуба.

Но, Пике воопшто не беше загрижен поради ситуацијата на трибините и на сето тоа им одговори со насмевка на лицето.

Ферер го победи Кукушкин со резултат 2:6, 7:6 (7-1), 6:4 и го обезбеди натпреварот со Џо Вилфред Цонга во вториот круг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…