Дома Фудбал Видео: „Очајниот“ Меси – Аргентинецот објаснуваше, но судијата остана „нем“

Видео: „Очајниот“ Меси – Аргентинецот објаснуваше, но судијата остана „нем“

messi

Игнасио Иглесиас, главниот судија на натпреварот и неговиот помошник Хозе Енрике Рамос во вчерашното дерби направија огромна грешка на штета на Барселона.

Судиите на „Местаља“ не се огласија во 30 минута од натпреварот кога при резултат 0:0 не успеаа да видат регуларен погодокот на Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси во таа ситуација шутираше од казнетиот простор, топката одеше директно во голманот на Валенсија, Нето кој лошо реагираше ја испушти од рацете и таа заврши зад неговиот грб.

Фудбалерите на Барселона веќе тргнаа да го прослават погодокот, но судиите не се огласија и не покажаа кон центарот, па малку недостасуваше Валенсија од контра да постигне погодок.

Целиот свет виде дека Меси постигна погодокот, но тоа не вредеше ништо кога погодокот не го призна оној кој мораше тоа да го направи.

Меси на крајот од полувремето жестоко влезе во конфликт со главниот судија, објаснувајќи му дека мораше да го види и признае погодокот кој го игнорираа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…