Голден Стејт вчера одиграа уште еден спекакуларен натпревар кој долго ќе се памети поради повеќе причини.
Првата причина е тоа што НБА шампионите за едно полувреме уфрлија дури 92 поени!? Вориорси против Чикаго на полувремето имаа предност од 92:50, значи 42 поени разлија…За едно полувреме! Натпреварот на крај секако заврши со победа на Вориорси со 149:124.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Голден Стејт вчера не постави рекорд, нивните 92 поени за едно полувреме се најдобар резултат во изминатите скоро три децении. Рекордот и понатаму го држи Филаделфија која на 10-ти новември 1990 година за едно полувреме постигна 107 поени.
Втората е Клеј Томпсон кој вчера постигна 14 тројки и така го сруши рекордот на Стеф Кари со најмногу погодени тројки на еден натпревар, Кари имаше 12. Томпсон на теренот помина три четвртини, во последната немаше потреба премногу да игра, а натпреварот го заврши со 52 поени.
Освен, тоа Томпсон постави и рекорд на лигата со 10 погодени тројки во првото полувреме, а Вориорси рекорд на една фаншиза со 17.
Веројатно и понатаму ќе постојат расправи дали овој тим на Голден Стејт е најдобар во историјата на кошарката, но и да не е, сигурно не е далеку од такво нешто. Чудата кои ги прават Кари, Томпсон, Дурант и компанија не изгледаат реални.
https://youtu.be/DN8gYTQ8_mY