Дома Трансфер зона Видео: Новото засилување на Интер пристигна на прегледи

Видео: Новото засилување на Интер пристигна на прегледи

Италијанскиот репрезентативец Матео Политано денес пристигна во Милано каде треба да ги помине рутинските лекарски прегледи, па официјално да стане играч на Интер.

Крилниот напаѓач на Сасуоло ќе биде 5-то засилување за Интер ова лето, кој очигледно сака да направи компетентен тим и да го нападне Скудетото следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ веќе постигнаа договор со Сасуоло и за Политано ќе платат 5 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 20 милиони евра за откуп следното лето.

Притоа, во обратна насока ќе замине и младинецот на Интер, Одегард, но „нероаѕурите“ ќе имаат можност за реоткуп во следните две години.

Политано откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…