Дома Фудбал Останато Видео: Новинар на Кутињо му ја пушти песната „Мане, Мане“ и го праша дали му се допаѓа…

Видео: Новинар на Кутињо му ја пушти песната „Мане, Мане“ и го праша дали му се допаѓа…

Репрезентацијата на Бразил во вчерашниот пријателски натпревар ја совлада селекцијата на Германија со 1:0 во Берлин и колку толку „Кариоките“ се одмаздија за тешкиот пораз на Мундијалот во 2014 година (7:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кариоките“ на двете пријателски средби против Русија и Германија покажаа дека ќе бидат едни од главните фаворити за титулата на Мундијалот.

После вчерашниот натпревар интересна беше средбата на Фелипе Кутињо и еден новинар.

Бразилецот во јануари го напушти Ливерпул и премина во Барселона, а сега еден од новинарите му пушти дел од легендарната песна „Maне, Мане“ и го праша Бразилецот што мисли. (јасно алудираше Садио Мане)

Кутињо застана за момент, но кога забележа каква е намерата на новинарот кртко прокоментира дека не му се допаѓа и се упати кон автобусот на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…