Голден Стјет поведе со 1:0 во финалната серија од НБА против Кливленд со резултат 124:114.
Во супер-интересен натпревар, еден од подобрите кои овие два тима ги одиграа во финалињата од 2015 година, се играа продолжение во кое домаќинот успеа да стигне до победа и водство во овгодинешната борба за шампионскиот прстен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кавси сигурно ќе жалат поради пропуштената прилика во последните секунди од регуларниот дел кога Џорџ Хил имаше прилика од слободни фрлања да донесе победа на својот тим, го погоди само првото.
Во продолжение Џеј Ар Смит направи незапаметена глупост и откако ја фати топката тргна да бега од кошот, веројатно заборавајќи дека резултатот е нерешен.
JR Smith didn’t know the score?! Chaos heading into overtime… pic.twitter.com/NdKGnz30Cu
— Dime on UPROXX (@DimeUPROXX) June 1, 2018
Леброн Џејмс постави личен рекорд во плеј-оф натпреварите со 51 поен, осум скокови и исто толку асистенции. Кевин Лав за Кавси уфрли 21 поен и украде 14 топки.
Во победничкиот тим најефикасен беше Стеф Кари со 29 поени, Кевин Дурант имаше 26, Клеј Томпсон 24, Дрејмонд Грин погоди две клучни тројки на натпреварот остварувајќи учинок од 13 поени, 11 скокови, девет асистенции и пет украдени топки.