Дома Фудбал Видео: Настапот на Кутињо во деби натпреварот за Барселона

Видео: Настапот на Кутињо во деби натпреварот за Барселона

Новиот фудбалер на Барселона, Фелипе Кутињо дебитираше за каталонскиот клуб во натпреварот од четвртфиналето во Кралскиот куп против Еспањол.

Бразилецот во дуелот против својот поранешен клуб одигра 20тина минути, а за тоа време не направи ништо посебно иако беше приметливо дека се отвараше, бараше топки и се обидуваше да се претстави во добро светло. Имаше и неколку убави потези, но најдоброто од него допрва се очекува.

Кутињо се опорави од повредата и ова му беше прв натпревар после месец дена, а се очекува веќе за викендот против Алвес да биде стартер.

Довчерашниот играч на Ливерпул во игра влезе во 68. минута наместо легендарниот Иниеста, а таа измена може да биде сликовит пример на смена на една генерација која полека се најавува во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…