Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 4:1 во полуфиналето на Лига купот и се пласираше во финалето на тоа натпреварување, каде ќе игра против Нешвил, кој беше подобар од мексикански Монтереј.
Интер го реши натпреварот во првото полувреме, до 20 минута водеше со 2:0 со головите на Мартинез и Меси, а потоа погоди и Жорди Алба за 3:0. Бедој погоди за Унион, а победата на Интер ја потврди Руиз во 84 минута..
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првото име на натпреварот повторно беше Лионел Меси, кој постигна фантастичен гол во 20. минута, веќе деветти во шестиот натпревар за новиот клуб.
Меси ја прими топката на 40 метри од голот, се ослободи од еден играч и потоа со ретко виден удар од 25 метри го совлада голманот за 2:0.
LIONEL MESSI! The Best player in the world.pic.twitter.com/4P9MrLYVOl
— Roy Nemer (@RoyNemer) August 15, 2023