Дома Видео ВИДЕО Меси постигна два гола и испиша историјата во својот нов клуб

ВИДЕО Меси постигна два гола и испиша историјата во својот нов клуб

Лионел Меси постигна два нови гола, а Интер Мајами го победи Орландо Сити со 3:1 во мечот од Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС и од мексиканското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со нови два гола, Аргентинецот стигна до својот петти гол во третиот натпревар за својот нов клуб, а неговиот тим се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето. За четвртфиналето ќе се борат во мечот против Далас.

Меси постигна гол во седмата минута. Следеше израмнување, уште еден гол на избраниците на Меси, а потоа во 72. и негов втор гол. Со него ги постави конечните 3:1.

Меси за историја
Пред головите на овој натпревар кој поради невремето доцнеше час и половина, Меси погоди против Круз Азула и два пати против Атланта Јунајтед.

Статистичарите објавија информација дека тој стана првиот играч во историјата на клубот кој постигнал најмалку два голови во два последователни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Eнрике и Артета избраа, ова се составите за финалето од ЛШ! (Фото)

На стадионот „Пушкаш Арена“ вечерва, првпат во 18.00 часот, започнува финалето на Лигата н…