Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Манчестер Сити го победи Ливерпул и ја направи трката за титулата супер интересна!

ВИДЕО: Манчестер Сити го победи Ливерпул и ја направи трката за титулата супер интересна!

Манчестер Сити во големото дерби во 21-то коло во англиската Премиер лига го совлада големиот ривал Ливерпул со 2:1 и така се приближи на четири бода заостанување на табелата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Не понудија овие две екипи премногу убав фудбал, но возбудувањата не изостанаа, а на крајот Ливерпул го запиша првиот пораз во сезоната.

После петнаесетина досадни минути Ливерпул дојде во голема шанса од која не успеаа да постигнат погодок. Садио Мане беше во шанса, но ја погоди стативата, за во продолжение од акцијата Стоунс откако го победи Едерсон да го спаси голот на „граѓаните“.

До 40-тата минута не видовме многу, а потоа домаќинот стигна до водство. Серхио Агуеро одлично се снајде во казнетиот простор и ја погоди мрежата на гостите за предност од 1:0 на полувремето.

Продолжението донесе многу возбудувања, а „црвените“ се вратија во натпреварот во 64-тата минута кога погоди Фирмино за 1:1.

Меѓутоа радоста на гостите траеше само осум минути. Лерој Сане постигна одличен гол за нова предност на Сити од 2:1. Резултат кој се покажа и како конечен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…