Не постојат епитети со кои може да се објасни досегашната кариера на Лука Дончиќ, а кога ќе помислите дека повеќе не може да ве изненади, тој приредува ново чуда и љубителите на кошарката ги остава без здив.
Реал во Мадрид го преслуша Бетис и славеше со резултат 104:89, а Дончиќ оствари нешто што во европската кошарка ретко се гледа– трипл-дабл! И тоа каков за само 22 минути!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдобриот настап во кариерата го заврши со 17 поени (4/4 од игра, 6/6 од пенал) и по 10 скокови и асистенции! Практично веќе две години златното момче на европската кошарка „флертува“ со вакво достигнување со кое малкумина можат да се пофалат, но него му успеа.
Каква кошарка игра Лука Дончиќ! Тоа е навистина нешто што се гледа еднаш во неколку децении. Таа луцидност, таа леснотија, брутална доминација и не заборавајте има само 19 години…Тој е вистински кошаркарски феномен! Да потсетиме уште еднаш одигра само 22 минути против Бетис.
Дончиќ имаше 15 поени, осум асистенции и шест скокови за само нешто повеќе од 17 минути игра, пред да влезе на паркетот во завршницата и за помалку од пет минути да стигне до големото достигнување.
Зошто Лука Дончиќ изминатата вечер стигна до исклучително ретка работа во европската кошарка?
Најмногу бидејќи во Европа се игра со поинаков интезитет и целосна спротивност од филозофијата во НБА. Со напади со помал интезитет и темпо кое генерално е послабо од она во најсилната кошаркарска лига во светот. На сето тоа се игра 40 минути (48 во НБА)!