20-тото коло во Премиер лигата и денешниот термин од 18:30 часот ни го донесе дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Арсенал.
Ливерпул денес уште еднаш ја покажа шампионската игра и го демолираше Арсенал со убедливи 5:1!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Натпреварот за Арсенал не започна лошо, Најлс постигна погодок за 0:1 уште во 11-тата минут, но тогаш Роберто Фирмино во период од една минута постигнува два гола за целосен пресврт.
Садио Мане во 32-та минута зголеми на 3:1, за Салах во финишот од полувремето од пенал да погоди за 4:1.
Во второто полувреме Ливерпул продолжи да напаѓа и веднаш на стартот имаа две прилики, кои не ги реализираа. Во 65-тата минута „црвените“ добија нов пенал. Шанса за хет-трик доби Фирмино кој така ги постави конечните 5:1.
Ливерпул сега на 3-ти јануари го очекува уште еден дерби натпревар во кој ќе гостува кај бранителот на трофејот Манчестер Сити.