Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Лејкерси во Лас Вегас подобри од шампионот, Леброн до дабл-дабл

ВИДЕО: Лејкерси во Лас Вегас подобри од шампионот, Леброн до дабл-дабл

lakerdsi

Лос Анџелес Лејкерси го совладаа Голден Стејт во натпреварот од предсезоната во НБА лигата во „Стејплс центарот“ со резултат 123:113.

Во првото полувреме од овој натпревар, ниту Лејкерси, ниту Вориорси не успеаа да направат посериозна преднсот. Втората четвртина беше завршена со резултат 61:57.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На почетокот на второто полувреме Вориорси со поените на Томпсон успеаа да направар пресверт, Лејкерси одговорија преку Инграм. Кајл Кузман и Лонзо Бол со своите поени ја донесоа првата довцифрена предност на Лејкерси кон крајот на третиот период. До крај тимот на Леброн знаеше како да ја одржи предноста и да стигне до победата.

Брендон Инграм ги предводеше Лејкерси до победа со 26 поени. Кајл Кузман додаде 22, Кентависус Калдвел – Поп 20, додека Леброн стигна до дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скокови.

Во екипата на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 23 поени, Клејн Томпсон 10, а Кевин Дурант 18 поени.

Останати резултати:

Детроиот – Вашингтон 97:102

Орландо – Мемфис 102:86

Торонто – Бруклин 118:91

Атланта – Сан Антонио 130:127

Мајами – Њу Орлеанс 140:128

Чикаго – Индијана 104:89

Портланд – Феникс 116:83

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…