Дома Фудбал Италија Видео: Лацио не искористи „меч топка“, Интер се уште има шанси за ЛШ

Видео: Лацио не искористи „меч топка“, Интер се уште има шанси за ЛШ

Во попладневните натпревари во претпоследното коло во Серија А фокусот беше на мечот Кротоне – Лацио, кој заврши без победник 2:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио пропушти со победа да го обезбеди пласманот во Лигата на шампиони и го остави Интер во „игра“. Разликата меѓу двата клуба е 3 бода, но во последното коло доколку „нероаѕурите“ победа во Рим ќе се пласираат во ЛШ бидејќи ќе имаат подобар меѓусебен скор.

„Лацијалите“ први дојдоа до водство во 17-та минута, кога Лулиќ беше прецизен од белата топчка. Потоа следуваше комплетен пресврт на домаќините, најпро погоди Сами во 29-та, а потоа Чекерини во 61-та минута. Милинковиќ-Савиќ го спаси Лацио од пораз во 84-та минута.

Каљари направи големо изненадување и победи на гостувањето кај Фиорентина со 1:0, па избегна од зоната за испаѓање.

Торино со 2:1 го победи СПАЛ, а со истиот резултат Киево победи на гостувањето кај Болоља. Удинезе ја совлада Верона со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…