Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше на Светското првенство во Русија благодарение на победата над Еквадор и хет-трикот на Лионел Меси.
Меѓутоа во медиумите неодамна се појави информација дека Аргентинците го обезбедиле Мундијалот благодарение на црна магија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На интернет се појави видео од еден човек по име, Брухо Мануел, кој наводно пристигнал во таборот на „гаучосите“ по препорака на Хуан Себастијан Верон.
„Го направив она што беше потребно, бев десна рака на Аргентина“, изјави Мануел.
Шпекулациите говорат дека Брухо ги собрал сите дресови на едно место и „отпеал“ некаква молитва, како и дека направил духовна прошетка на стадионот.
Погледнете го видеото и проценете сами: