Баерн ја започна новата сезона во германската Бундес лига онака како што ја заврши минатата – триумфално.
Германскиот шампион му даде четири гола на домашниот Вердер на гостувањето во Бремен и со тоа веднаш седна на врвот на табелата со гол разлика што испраќа порака до ривалите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не само што Баерн продолжи таму каде што застана, туку и Хари Кејн. По трансферот од Тотенхем, во кој погодуваше како на лента во последните сезони, англискиот напаѓач покажа дека нема да бидат поштедени ниту одбраните во Бундеслигата.
Тој асистираше за првиот гол на Лерој Сане во 4. минута, а вториот го постигна по асистенција на Алфонсо Дејвис во 74. минута.
Баерн во тој момент требаше само да го приведе натпреварот кон крајот, а тоа го направи со уште два гола.
Во 90. минута Сане повторно беше прецизен на асистенција на Милер, а неговата втора асистенција на мечот четири минути подоцна ја забележа Дејвис. Стрелец беше Матис Тел. Погледнете ги головите ТУКА.