Тимот на Интер лесно со 4:0 победи на гостувањето кај Удинезе и испрати порака до римските клубови во борбата за ЛШ.
Ова за Интер беше највбажниот натпревар сезонава, па затоа тргнаа фуриозно и уште во 5-та минута имаа фантастична шанса преку Перишиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Водството стигна во 13-та минута, откако Ранокиа со глава ја затресе прежата од корнер. „Нероаѕурите“ победникот го решија во последните минути од првиот дел со два нови гола.
Најпрво во 44-та минута погоди Рафиња, а само една минута подоцна и Икарди се запиша во листата на стрелците.
Во второто полувреме повторно доминираше Интер, домаќините останаа со играч помалку после исклучувањето на Фофана во 49-та минута. Конечните 4:0 ги постави Борха Валеро во 71-та минута.