Дома Топ вести Видео: Има само 16 години, а гигантите се „тепаат“ за него!

Видео: Има само 16 години, а гигантите се „тепаат“ за него!

Фулам има бисер во своите редови, па Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем се „тепаат“ за неговиот потпис, пренесуваат англиските медуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за 16-годишниот Рајан Сесињон, кој игра на позицијата лев бек и оваа сезона блеска во дресот на Фулам во Чемпионшип.

Неговите одлични партии и талент не останаа незабележани од англиските гиганти, па така Сити, Ливерпул и Тотенхем веќе стојат на ред за неговиот потпис.

Сесињон е тинејџер на кого експертите му предвидуваат блексава иднина, а Фулам за неговата слобода бара најмалку 15 милиони евра.

Иако има само 16 години оваа сезона одигра 16 натпрвари за сениорскиот тим на Фулам, па следното лето се очекува сигурно да премине во некој од англиските гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…