Јувентус оствари тешка победа на гостувањето кај Болоња, Пандев и дружината одиграа без голови против Киево.
Јувентус после поразот во Лигата на шампиони денес повторно се покажа во бледо издание на гостувањето кај Болоња. Иако беше голем фаворит „старата дама“ долго се мачеше на овој меч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме Алегри во игра го стави Дибала, кој влезе на терен во 59-та минута, а осум минути подоцна му донесе победа на „бјанконерите“ со својот гол.
После овој меч Јувентус има цели 16 бода предност пред второпласираниот Наполи, кој вечерва игра против Парма.
59' Dybala entra al campo! ?
67' Dybala marca para la Juve! ⚽️
— Juventus (@Juventus_Latino) February 24, 2019
На останатите натпревари кои се играа попладнево во Серија А, Киево и Џенова одиграа без голови, додека Сасуоло и СПАЛ исто така ги поделија бодовите и одиграа 1:1