Дома Фудбал ВИДЕО: Двата најдобри голмани во овој момент и две фантастични одбрани во иста минута

ВИДЕО: Двата најдобри голмани во овој момент и две фантастични одбрани во иста минута

Во морето на пријателските натпревари секако се издвојува натпреварот помеѓу Германија и Шпанија.

Двете европски велесили подготвија спектакл кој заврши со 1:1. Резултатот би можел да биде значително поинаков да не беа голманите кои брилираа.

Така издвоивме две одлични интеревенции, по една на двете страни. Се играше 56. минута кога Фуријата по одличната акција имаше голема прилика. Иско беше на неколку метри од голот, но голот го спречи фантастичната интервенција на Тер Штеген. Германците веднаш возвратија со контранапад. Шутираше Гундоган, но овој пат на местото беше Де Геа. Два врвни голмани, во моментов и најверојатно двата најдобри фудбалери во светот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …