Дома Фудбал Италија Видео: Дамата доцна се разбуди во Џенова, Беневенто е навистина „проколнат“

Видео: Дамата доцна се разбуди во Џенова, Беневенто е навистина „проколнат“

Шампионот Јувентус беше прегазен од Самдорија со 3:2, Фиорентина се спаси од пораз, а Беневенто во 95-та минута остана без првиот бод.

Јувентус доживеа тежок пораз на гостувањето кај Самдорија. Тренерот Алегри го започна натпреварот без Дибала, па првото полувреме помина без поголеми возбудувања и на одмор се замина без голови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во второто полувреме следеше „рапсодија во сино“. Напрво Запата го отвори резулатот во 50- та минута, во 71-та на 2:0 зголеми Тореира, а десетина минути подоцна Ферари погоди за 3:0. Во 91-та минута Игуаин намали на 3:1, а во 94-та Дибала го ублажи поразот на 3:2.

Вистинска драма се случуваше на натпреварот Беневенто – Сасуоло, каде домаќините беа на чекор да го освојат првиот бод во Серија А. Најпрво Сасуоло дојде во водство преку Матри во 57-та минута, а неколку минути подоцна Арментерос погоди за 1:1. Кога сите помислија дека домаќините конечно ќе го освојат првиот бод, во 95-та минута погоди Пелусо.

Фиорентина имаше негатива на гостувањето кај СПАЛ од 1:0 до 80-та минута, но младата ѕвезда Киеза не дозволи пораз за „виолетовите“.

Со истиот резултат заврши и дуелот Торино – Киево, но „биковите“ можат да жалат бидејќи Белоти промаши пенал за победа. Голема гостинска победа забележа Каљари против Удинезе со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…