Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Вчера во Серија А го видовме најглупавото исклучување во сезоната

ВИДЕО: Вчера во Серија А го видовме најглупавото исклучување во сезоната

Eкипата на СПАЛ вчера успеа да направи големо изненадување и на гостински терен да ја совлада Рома со 0:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На оваа средба видовме и едно навистина смешно исклучување, а го заработи голманот на гостите Вања Милинковиќ. Во моментите кога СПАЛ имаше водство против Рома, Милинковиќ се обидуваше да „украде“ некоја секунда иако триесетина секунди порано заработи една опомена.

Српскиот голман одолговлекуваше со враќањето на топката во игра, а втората топка која се појави на теренот ја испрати на трибините. На ваквиот негов потег реагираше и „Олимпико“, а главниот судија на натпреварот му покажа втор жолт картон и го испрати во соблекувалната.

Навистина чуден потег од еден искусен голман каков што е Вања Милинковиќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е приказната како Трамп го поништи црвениот картон на американскиот фудбалер

Само неколку дена по исклучувањето во натпреварот против Босна и Херцеговина, американскио…