Mанчестер сити со победа над актуелниот шампион продолжи сигурно да чекори кон нова титула во Премиер лигата.
„Граѓаните“ во дербито на 29 коло го совладаа бранителот на титулата со 1:0, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Бернардо Силва на почетокот на вториот дел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сити доминираше, имаше скоро три пати поголем посед на топката, а Челзи беше принден да се брани на својата половина. Единствената посериозна шанса на натпреварот Челзи ја имаше во четвртата минута од судиското продолжение кога Маркос Алонсо шутираше покрај голот.
Челзи во главно добро се бранеше, но многу веројатно новиот шампион на Англија го искористи единствениот пропуст. Манчестер Сити во овој момент има 18 бодови повеќе од најблискиот конкурент Ливерпул, а 25 од Челзи кој се наоѓа на петата позиција на табелата.