Многу возбудувања донесоа попадневните натпревари од 30-то коло во Серија А. Најинетерсно беше во Рим каде Лацио го декласира Беневенто со 6:2.
Мечот на „Олимпико“ донесе и неколку пресврти. Беневенто играше со играч помалку од 9-та минута, а Имобиле го отвори резултатот во 19-та минута. Меѓутоа гостите не се предадоа и најпрво израмнија преку Каталди, а на почетокот на вториот дел Гилерме погоди за комплетен пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, тоа само ги налути домаќините кои потоа постигнаа уште пет гола за комплетни 6:2. Головите ги постигнаа Каиседо, Имобиле, Лукас Леива, Де Вриј и Луис Алберто.
На „Џузепе Меаца“ Интер рутински ја совлада Верона со 3:0. Икарди уште во првата минута го отвор резултатот, а Перишиќ ја дуплираше предноста до крајот на првото полувреме. Во вториот дел Икарди со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Торино оствари висока победа од 4:0 на гостувањето кај Каљари, Аталанта беше подобра од Удинезе (2:0), а Генова и СПАЛ одиграа без победик 1:1.