Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Баерн Минхен играше и доминираше, но Реал Мадрид е првиот финалист!

Видео: Баерн Минхен играше и доминираше, но Реал Мадрид е првиот финалист!

Вечерва во Мадрид се одигра реваншот од полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

На крајот – Реал Мадрид добива прилика и трет пат во низа да игра во големото финале кое оваа година ќе се одржи во Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн слично како и во реваншот само овој пат многу порано уште во третата минута стигна до предност преку Џошуа Кимих кој беше стрелец во Минхен. „Кралевите“ до изедначување стигнаа во 11 минута кога Карим Бензема беше заборавен во шеснаесетникот и со глава ја смести топката зад мрежата на Улреихт.

Со 1:1 се замина и на полувремето иако и на двете страни имавме прилика да видиме уште некој погодок.

До ново водство Реал стигна во 46 минута кога голманот на Баварците направи катастрофална грешка и му дозволи на Бензема да го постигне вториот гол на натпреварот.

Германците во игра се вратија во 63 минута кога Хамес Родригез успеа да постигне гол за изедначување на 2:2. По погодокот Баерн беше тимот кој создаваше повеќе шанси, но Кејлор Навас беше одличен на својот гол и имаше неколку неверојатни интервенции.

Роналдо вечерва во натпреварот стигна до соборување на нов рекорд. Стана играчот со најмногу настапи во Лигата на шампионите – 152. (не сметајќи ги голманите) Но како и во Минхен и овој пат не успеа да се запише во листата на стрелци, покрај тоа е и фудбалерот кој во овој натпревар имаше најмалку допири со топката.

Сепак, тоа не е толку важно во овој момент за навивачите на Реал. „Кралевите“ во финалето во Киев ќе имаат прилика да стигнат до третата титула во низа во најелитното европско натпреварување.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ужас: Родители се степале на детски фудбалски турнир, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Наместо да го промовира детскиот спорт, фудбалскиот турнир во Златибор се претвори во инци…