Чилеанецот Артуро Видал предизвика бес кај управата на Интер поради изјавите во последното интервју во кое изрази надеж дека ќе заигра за Фламенго.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освен тоа Чилеанецот се пожали и на малата минутажа, а низ смеа истакна дека тренерот го забележил сега кога ја променил фризурата.




Поради ваквите изјави во јавноста во Интер размислуваат да го казнат Видал и според најавите тој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Во договорот на Видал има клазула според која за четири милиони евра може веднаш да го напушти клубот.