Aнтонио Конте сака да го засили Тотенхем во зимскиот преоден рок, а медиумите најавуваат дека би можел повторно да соработува со еден од своите номилени фудбалери.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Артуро Видал е блиску до преминување во редовите на Тотенхем затоа што не е задоволен од својот статус во Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Видал го изгуби местото стартер со доаѓањето на Инзаги, добива шанса, но од клупата и не повеќе од 25-30 минути во натпревар.
Чилеанецот смета дека заслужува повеќе да игра и Конте му нуди поважна улога во Тотенхем. Тандем Хејберг-Видал навистина звучи добро. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во јануари.