Иако се уште не е завршена тековната сезона во ЛШ, веќе полека се комплетира листата на клубови кои ќе учествауаат во групната фаза следната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така се познати веќе 16 учесници кои ќе учествуваат во групната фаза од ЛШ за сезоната 2017/18. и можеме да кажеме дека знаеме половина од клубовите кои следната сезона ќе се натрпеваруваат во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Шпанија: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Англија: Челзи, Тотенхем, Германија: Баерн, Лајпциг, Франција: Монако, ПСЖ, Португалија: Бенфика, Порто, Русија: Спартак Москва, Украина: Шахтјор: Белгија: Андерлехт, Холандија: Феенорд, Швајцарија: Базел.
Интересно е тоа што се уште ниту еден клуб од Серија А официјално не обезбеди место во групната фаза, но во оваа листа наскоро ќе се приклучи Јувентус на кого му е потребен само еден бод во преостанатите две кола.
Овој викенд ќе добиеме одговор на прашањето кој ќе оди директно во ЛШ, а кој преку квалификации од Премиер лигата и Бундес лигата, а наскоро ќе биде познат и вториот патник од Серија А.
До лето, на овој список ќе има 21 клуб, а десет ќе се приклучат преку квалификации. Последниот, 32. учесник во ЛШ ќе биде освојувачот на ЛЕ (Манчестер Јунајтед или Ајакс).