Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни би можел да се проба како боксер и тоа против американскиот инфлуенсер Џејк Пол (26).
Пол во рингот за првпат влезе пред пет години, но веќе се бореше против познати имиња како Бен Аскрен, Тајрон Вудли и Андерсон Силва, а сега би можел да боксува со славниот фудбалер. Руни со постигнати 253 гола е најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, а по завршувањето на фудбалската, започна тренерска кариера, сега би можел и боксерска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, промоторот Ед Херн смета дека Руни би можел да има одлична кариера, нормално во егзибициски натпревари.
Исто така во англиските медиуми се наведува дека Руни е љубител на боксот, а Херн откри и дека поранешниот фудбалер и во минатото го контактирал да му организира борба.
Наводно борбата би можел да се одржи на „Олд Трафорд“ каде што Руни ги помина најдобрите денови од кариерата.