Црногорскиот ветеран Мирко Вучиниќ заврши со активното играње фудбал.
Ветеранот Мирко Вучиниќ кој своевремено беше член на Рома и Јувентус ја заврши својата играчка кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вучиниќ потврди дека повредата влијаела на неговата одлука нешто порано отколку што очекуваше да ја заврши професионалната кариера.
„Сакам да се пробам и во тренерската работа. Би сакал да водам некоја екипа. Одработив неколку тренинзи со деца и ми се допадна, се одеше подобро од очекувањата. Соработував со многу тренери и од сите по нешто научив. Би сакал да направам комбинација од сите совети и да ги соберам во една целина. Ме привлекува оваа работа, но ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Вучиниќ.
Мирко Вучиниќ има 34 години и во својата кариер го носеше дресот на Сутјетска, Лече, Рома, Јувентус и Ал Џезеира, а дефинитивно најголема трага остави во Рома каде што постигна 64 погодоци.