Дома Фудбал Англија Вест Хем му даде отказ на Пелегрини, познат фаворитот за негов наследник

Вест Хем му даде отказ на Пелегрини, познат фаворитот за негов наследник

Вест Хем реши да му врачи отказ на Мануел Пелегрини по поразот од Лестер, кој го остави лондонскиот тим во зоната за испаѓање.

„Разочарани сме што моравме да ја донесеме таа одлука. Сепак, на тимот јасно му беше потребна промена за да се врати на вистинскиот пат и да продолжи да ги следи целите што ги поставивме за сезоната. Дејствуваме сега за да му дадеме доволно време на новиот менаџер“, изјави сосопственикот на клубот Дејвид Саливан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека фаворит за негов наследник е Дејвид Мојс и дека преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза.

Како алтернатива се споменува и Нико Ковач, кој е без ангажман после отказот во Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …