Дома Фудбал Вест која ги вознемири „кралевите“: Роналдо се уште е надвор од тимот!

Вест која ги вознемири „кралевите“: Роналдо се уште е надвор од тимот!

Шпанските медуми објавија вест која не може да ги остави рамнодушни фановите на Реал Мадрид.

Кристиано Роналдо ни денес, два дена пред големото „Ел Класико“ не тренираше со остатокот од тимот.

Шпанските медиуми дознаваат дека Португалецот сигурно ќе игра во сабота, но јасно е дека нема да биде максимално спремен за мечот со Барселона.

Роналдо не одработи ниту еден тренинг со целиот тим после клупското Светско првенство, бидејќи има болки после стартот кој го доживеа во финалето.

Денес Роналдо вежбаше со топка, а се очекува утре кога ќе биде последниот тренинг пред дербито да го одработи со остатокот од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…