Дома Останати Кошарка НБА Вестбрук испиша историја во НБА лигата! (ВИДЕО)

Вестбрук испиша историја во НБА лигата! (ВИДЕО)

Расел Вестбрук испиша вчера историја во НБА лигата со навистина спектакуларен натпревар.

Иако неговата Оклахома беше поразена на гостувањето кај Њу Орлеанс со 131:122 чудесниот Вестбрук испиша историја во НБА лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За 39 минути на паркетот Вестбрук стигна до 11-тиот трипл дабл во низа. Имаше 44 поени (18/30), 14 скокови и 11 асистенции. Така го надмина легендарниот Вилт Чемберлејн со кој го делеше рекордот од 10 натпревари во низа со трипл-дабл.

Исто така Вестбрук стана најдобриот стрелец на Оклахома со 18.247 поени и го надмина легендарниот Гери Пајтон.

Сето ова не беше доволно за неговиот тим да слави победа против Њу Орлеанс кој беше предводен од Јулиус Рендл со 33 поени и 11 скокови, додека поен помалку уфрли Џру Холидеј.

https://youtu.be/O_tvy-dIiQw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…