Дома Останати Кошарка НБА Вестбрук ги спаси Лејкерси, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер 🎥

Вестбрук ги спаси Лејкерси, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер 🎥

Tимот на Лејкерси ја продолжува борбата за место помеѓу топ 10 на Западната конференција, измината вечер Лејкерси запишаа важна победа против Торонто од 128:123.

Големи заслуги за оваа победа има Расел Вестбрук кој беше главниот „виновник“ за тоа што Лејкерси се изборија за продолженија. На 10 секунди до крајот Торонто го имаше последниот напад но погрешија, Вестбрук ја украде отпката и погоди за мечот да оди во продолженија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Натпреварот на крајот го заврши со 22 поени, 10 скока и исто толку асистенции. Одличен настап имаше и Леброн Џејмс со 36 поени, 9 скока, 7 асистенции. На спротивната страна Барнс постигна 31 поени и додаде 17 скока и 6 асистенции.

Лука Дончиќ не му помогна на Далас да го избегне поразот против Филаделфија (111:101). Дончиќ натпреварот го заврши со 17 поени, 10 асистенции и 7 скока. Најефикасен на натпреварот беше Ембид со 32 поени, додека кај Далас Брусон постигна 24 поени.

Не помогна и дабл-даблот на Јокиќ  од 32 поени 10 скокови и 8 асистенции против Кливленд. Денвер забележа пораз после продолженија 119:116 (107:107). Кливленд до победата ги предводеше Марканен со сличен дабл-дабл како српскиот ас од 31 поен и 10 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Далас 111:101, Атланта – Мемфис 120:105, Бруклин – Портланд 128:123, Њујорк – Вашингтон 100:97, Хјустон – Индијана 118:121, Мајами – Оклахома 120:108, Сан Антонио – Њу Орлеанс 91:124, Јута – Л.А. Клиперс 121:92, Феникс – Чикаго 129:102, Сакраменто – Бостон 97:126.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…