Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг призна дека многу внимателно ја следи ситуацијата околу дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген.
Ајакс ќе се обиде да го донесе Вертонген на лето, кога дефанзивецот ќе биде слободен агент бидејќи му завршува договорот со Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јан има историја со Ајакс и ние вниманително ја следиме неговата ситуација. Ако постои можност да го донесеме, сигурно дека ќе го направиме тоа. Не се грижам за неговата возраст, тој е фудбалер од светска класа“, изјави Тен Хаг.
32-годишниот Вертонген на лето ќе биде слободен агент, а потекнува од школата на Ајакс каде настапуваше за првиот тим од 2003 до 2012 година и беше капитен на тимот.
?????? to see you, @BlindDaley! ?
— AFC Ajax (@AFCAjax) February 11, 2020
➩ 'It's protection just in case'
➩ 'It gives me peace of mind'