Дома Трансфер зона Вертонген проговори за својата иднина: Сакам амбициозен клуб

Вертонген проговори за својата иднина: Сакам амбициозен клуб

Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген ја одби и последната понуда за продолжување на договорот со тимот од Лондон и на лето ќе си замине како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот дефанзивец истакна дека се уште сака да игра за амбициозен клуб во Европа, но не донел конечна одлука.

„Сакам да потпишам за вистинскиот клуб, тоа можеби е Тотенхем но можеби и некој друг клуб. Мора да биде тим со амбиција, сакам да играм во Европа како и за репрезентацијата. Можеби звучи чудно, но сега сум без договор и повеќе тимови бараат играчи кои можат да ги ангажираат без да плаќаат трансфер оштета“, истакна Вертонген.

Се шпекулира дека Вертонген би можел да ја продолжи кариерата во Италија, каде интерес за него покажуваат Интер и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…