Дома Фудбал Останато Венгер: Ќе дојде време кога роботи ќе седат на клупата

Венгер: Ќе дојде време кога роботи ќе седат на клупата

wenger.11.19

Арсен Венгер помина 22 години на клупат на Арсенал за на крајот на сезоната да се повлече од таа позиција.

Сега во едно интервју истакна дека според него ќе дојде ситуација во која сопствениците на клубовите ќе можат да направат промени на полувремето преку друштвените мрежи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Го кажав тоа неколку пати. Можете да замислите еден сопственик на клуб преку друштвените мрежи да направи промена. Тоа ќе се случи, но јас нема да го прифатам. Јас сум „олдскул“ тренер, но тоа е насоката во која се движиме“, смета Венгер.

Венгер иако е поддржувач на „старите“ начини на работа, не би бил изненаден од таква ситуација.

„Тие дигитални иновации не се за мене. Постои нешто кое се вика интуиција, додека јас растев ги користев своите очи. Можеби не можете да замислите, но за 20 години не би ме изненадило доколку роботи ги водат натпреварите“, изјави францускиот стратег за „Беин Спортс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…