Познатиот француски тренер, Арсен Венгер е без ангажман откако се раздели со Арсенал.
Вегнер минатото лето по 22 години поминати на клупата на Арсенал одлучи да го напушти Лондон, но сега кога е во пензија изгледа дека не е среќен, па гласините за врќање во фудбалот се поголеми. Дека би можел да се врати на тренерската работа изјави и самиот Венгер, кој, како што изјави, во моментов не недостасуваат понуди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Откако го напушптив Арсенал, добив неколку интересни понуди за кои во мооментов размислувам“, изјави Венгер на една церемонија во Лондон.
Потсетуваме, Венгер во текот на неговата ера во Арсенал освои вкупно 17 трофеи, од кои три се шампионски титули, а во кариерата тренираше во Нагоја, Монако и Нанси.