Дома Фудбал Останато Венгер остро ги нападна богаташите: Ги уништивте првенствата!

Венгер остро ги нападна богаташите: Ги уништивте првенствата!

Tренерот на Арсенал, Арсен Венгер смета дека големите вложувања ги уништиле најсилните лиги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот француски стручњак истакна дека во тековната сезона веќе во четири првенства шампионот е познат. Премиер лига (Манчестер Сити), Ла Лига (Барселона), Бундес лига (Баерн Минхен), Лига 1 (ПСЖ).

„Јасно е дека неизвеснота полека исчезнува. Кога ќе ги погледнете најголемите пет европски лиги, веќе сега се знаат шампионите во четири првенства. Значи нешто не е во ред. Огромните купувања на одредени клубови ги уништија првенствата“, изјави Венгер.

Оваа изјава на Венгер може да се поткрепи и со достапните податоци на „Трансфермаркт“. Клубовите од најсилните пет лиги во минатиот зимски преоден колективно потрошија 907.44 милиони евра. Англичаните 473.45 милиони евра, Шпанците 276.7 милиони евра, Германците 72.9 милиони евра, Французите 56.8 милиони евра, а Италијаните „само“ 27.59 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…